Се повеќе сексуално малтретирање во американската војска

Бројот на припадниците на американската војска, кои се сексуално малтретирани пораснал за третина во последните две години, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на податоци на Пентагон.

Имено во 2010 година 19,300 вработени во војската пријавиле дека биле жртви на сексуално насилство, додека лани, ваквата бројка пораснала на 26,000. 

По тој повод Пентагон истакна дека сексуалните напади се проблем на кој што треба да се работи. Најновите податоци кои се објавени се поклопуваат со апсењето на шефот на тимот за надгледување на програмите за спречување на сексуални напади во американсото воено воздухоплоство, полковникот Џефри Крусинског, кој неодамна бил приведен, затоа што пред барот во Вашингтон сексуално нападнал една девојка, поточно се обидел да ја фати за градите и задникот. Тој е пуштен по неколку часа притвор, откако платил кауција од 5000 долари, но е суспендиран од местото шеф на тимот за спречување на сексуален напад. 

 

најчитано сега