Се појавија нови аудио снимки за Рекет - Русковска најави истрага

Додека стартуваше судењето за случајот Рекет и се случија првите две рочишта, на Јутјуб се појавија нови снимки за случајот.

На снимките се слуша гласот на еден од сведоците во овој случај, а за кого СЈО во еден од предметите има покренато и обвинение.

Снимките се пуштени вчера, траат по десетина секунди а засега не е познато кој е соговорникот кој разговара со сведокот на Рекет, а во еден момент бара средба и со Вице Заев.

 Во една од снимките вели дека расчистил со Сашо Мијалков, а во друга го споменува и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и вели ќе дојде Мицкоски и што правиме тогаш, крв до колена.

 

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска вели дека овие разговори не се дел од доказите доставени до обвинителството, а најави и дека ќе поведат истрага за нив.

„Прв пат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени. Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб“, рече Рускоска, пренесе ТВ21.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега