Се подобрува ситуацијата во Кина: Во изминатите 24 часа нема новозаболени од коронавирусот во Пекинг

Властите во Пекинг соопштиле дека во последните 24 часа немановозаболени од коронавирусот  во главниот град на Кина.

Како што се наведува, за прв пат нема пациенти од нагло зголемување на бројот на заразени лица во Пекинг на почетокот на јуни, кога беа воведени карантински мерки заради појава на вирус во близина на пазарот на големо.

Властите сè уште истражуваат што доведе до повторно појавување на епидемијата.

Неименуван претставник на пазарната администрација за локалните медиуми изјавил дека, наводно, вирусот е пронајден на даските за сечење на увезен лосос.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега