Се подготвува четвртата трансплатација на срце во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на својот фејсбук профил објави дека се прават подготовки за четврта трансплантација на срце.

– Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, напиша Филипче.

Досега во земјава се направени три трансплантации на срце. Првата трансплатнација од починат донор беше направена во мај минатата година, а годинава имаше уште две трансплантации. 

10.06.2021 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега