Сè почнало со кашлица, а потоа не можел да дишe: Британец открил како изгледа борбата со вирусот

Британецот Енди Хардвик, заболен од новиот коронавирус, бил замолен од пријателите да ги опише своите симптоми и борбата со болеста.

Видно изморениот Хардвик прифатил, сакајќи да им укаже на сите колку е ситуацијата опасна. 

Овој 51-годишник обично оди 3 пати неделно во теретана, но сега одвај доаѓа до здив.

Вели дека се почнало со суво грло и кашлица. Во таа фаза немал температура, но се чувствувал прилично слабо. Отишол на спиење мислејќи дека ќе му помине, меѓутоа, набрзо не можел нормално да диши.

„Бев препотен, а ми беше студено. Чувствував неопислива жед. Ме боли рбет, грб, врат. Не сакате да зборувате, здивот е пократок ако се движите. Доаѓа во бранови, ќе почувствувате олеснување, а потоа почнува...ова навистина боли, никогаш ништо слично не сум искусил. Ова не би му го посакал ни на најлошиот непријател", рекол тој.

Хардвик додал дека кашлицата е многу болна.

Неговото семејство смета дека се заразил на патот од Викфорд кон Лондон.

„Држете се подалеку едни од други, почитувајте ги другите. Доколку се заразат вашите постари, баба и дедо, замислете како ќе им биде на нив", порачал на крајот Хардвик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега