Се почесто се фалсификуваат ПЦР тестови- сопружници од Германија протерани од Македонја

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против маж и жена, државјани на Германија по потекло од Косово, кои се товарат за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 22 февруари, на Меѓународниот аеродром Скопје, на граничниот премин при излез од државава, пред овластените службени лица за проверка на пасошите, двајцата сопружници употребиле лажни потврди за негативни ПЦР-тестови за Ковид-19. Иако знаеле дека потврдите на кои стоело дека се издадени од една лабораторија во Скопје се лажни, тие ги прикажале како вистински.

– По признание на вината, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда за двајцата обвинети, огласувајќи ги за виновни и им изрече условна осуда – казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку обвинетите за време од пет години не сторат ново кривично дело. Во исто време, на обвинетите им е изречена и казна – протерување од територијата на Република Македонија во траење од пет години, се наведува во соопштението од Обвинителството.​ 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега