Се опорави едногодишно бебе од Италија кое беше заразeно со Ковид-19

Еден од првите и најмлади пациенти заразени од Ковид-19 во Италија, едногодишно бебе од Долина Аоста оздраве од тој вирус.

Детето од местото Понтеј, во близина на границата со Франција и членови на неговото семејство се меѓу првите заразени случаи во тој регион, пренесуваат италијанските медиуми, додавајќи дека неговите мајка, бабата и дедото исто така се излечени.

Во Италија од почетокот на кризата со коронавирусот бројот на позитивни случаи надмина 119.000, а тој вирус однесе повеќе од 14.000 животи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега