Се огласи Заев: Северна Македонија го слуша гласот на народот

Заев се огласи на Фејсбук.

- Поминаа само неколку дена од 17 мај, кога се сетивме на настанот од 2015 година, кога над 70 граѓански организации и илјадници граѓани се обединија за да им го вратиме општеството на оние на кои им припаѓа - на граѓаните. Широката граѓанска коалиција тогаш едногласно повика дека моќта на која било идна власт мора да се намали и дека мора да се обезбедат услови, поттик и поддршка за активни, гласни и критички граѓани. Последните две години создадовме амбиент за слобода на изразување како темелници за новата демократска реалност. Граѓанските организации активно учествуваа во реформските промени со коишто ја поставивме и ја придвиживме земјата стабилно на патот на Европската унија и на НАТО. Владата на Република Северна Македонија внимателно и постојано го слуша гласот на граѓанското општество и не носи позначајна политичка мерка или реформа без вклучување и консултација на граѓанските организации и граѓаните. Инклузивно и заедно го трансформираме системот, институциите, за да работат по европски правила, во служба на граѓаните, отворено, отчетно и одговорно, напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега