Се огласи таткото на босанската пејачка осомничена за убиство: „Не се гледавме, но не верувам дека би убила некој“

„Верувам во обвинителството и судот. Нека секој одговара за своите постапки“, со овие зборови се изјаснил Есид Хиндич, татко на Сунита Хиндиќ-Бошњаковиќ која е осомничена за убиството на 55-годишниот Нино Иванковиќ, сопственик на мотел во Мостар.

Есад се обидел да ја посети својата ќерка во притвор.

„Бев горе во обвинителството, но не ми дозволија да ја видам. Добила 30 дена притвор“, рекол Есад.

Признава дека не бил во најдобри односи со ќерката, но вели дека верува во секој збор кој го изговорила на сослушувањето. Сунита, меѓу другото, тврдела дека си играла со пиштолот и дека тој случајно пукал.

„Она отсекогаш сакаше да биде голема ѕвезда, а јас со тоа не се согласував. Затоа не се гледавме. Но, не верувам дека е во состојба намерно да убие човек. Во медиумите прочитав дека и претходно имала проблеми со законот. Не сум упатен во односот меѓу Сунита и тој господин. Можам само да кажам дека ми е жал. Камо среќа да беше само ранет, да преживееше“, рекол таткото.

„Знам само дека има сведоци кои ја виделе Сунита како оди од соба во соба и вели дека Нино е ранет, дека му треба помош. Нека испита судот се“, порачал Хиндиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега