Се огласи шведскиот епидемиолог: Наместо да нѝ се смеете, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел за борба против коронавирусот, подобро ви е да научите нешто од нашето искуство, изјави шведскиот епидемиолог Андре Тегнел.

Тој во отвореното писмо кое го објавија шведските медиуми вели дека карантинот и другите ограничувања кои ги воведоа практично сите европски земји можат да функционираат само на краток период, а на долги патеки шведскиот модел е подобар.

Шведската влада не воведе рестриктивни мерки, туку само им даде упатства на граѓаните како да се однесуваат. Поради тоа, во земјата имаше поголем број на заразени и починати од на пример, соседните скандинавски земји кои воведоа карантин и други рестриктивни мерки.

Во писмото објаснува дека „шведскиот модел“ не е нешто што го примениле САД и Бразил, односно тоа не е метода во која секој треба да се грижи за себе, туку сите да се грижат за секого.

„Шведскиот модел на одбрана од коронавирусот има историски корени и се базира на идејата секој да учествува во одбраната и секој да даде свој придонес“, изјави епидемиологот Тегнел и додаде:

„Долгорочно ќе се покаже дека шведскиот модел е подобар, затоа што стриктните мерки на ограничување, црвените зони и карантинот можат да бидат применети само краткотрајно“, изјави Тегнел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа