Се огласи МВР: Жена пријавила дека на брат и му се слошило, откако испил кафе и вода во кафуле

Како што информиравме и пред малку, 42-годишен маж заврши на Токсикологија, откако испил вода и кафе во угостителски објект во Битола. Сестра му го пријавила случајот во полиција, по што од МВР се огласија со официјални информации во врска со настанот.

„На 21.03.2023 околу 15.30 часот во СВР Битола, Л.Б. од Битола пријавила дека на нејзиниот брат А.Т.(42) од Битола му се слошило откако испил кафе и вода во угостителски објект во Битола, по што бил пренесен и задржан во Клиничката болница во Битола.

Според пријавеното, А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, а откако ја испил течноста му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, ни изјавија од МВР.

24.03.2023 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега