Се огласи МВР: Потврдија дека била повикана полиција во седиштето на ИВЗ

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по добиени две пријави (и од едната и од другата страна), полициски службеници денеска се упатија во седиштето на Исламската верска заедница на Бит Пазар и на лице место не беше констатирано нарушување на јавниот ред и мир, соопштуваат од полиција.

„Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувањa“ соопштува полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега