Се огласи Меган Маркл: Откри дали ќе оди на погребот на принцот Филип

Американската актерка Меган Маркл, сопруга на британскиот принц Хари, изјавила дека нема да оди на погребот на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора и дедо на нејзиниот сопруг, за да не биде во центарот на внимание на тој ден.

Меган на пријателите им се доверила дека го обожавала принцот Филип и дека му се воодушевувала.

Како што пренесува Дејли Меил, Меган верува дека одењето на погребот е прилика за Хари да се смири со семејството, пред се со татко му, принцот Чарлс.

Меган е бремена и докторот ја советувал дека е подобро да не патува со авион. Се верува дека Меган е главен виновник и дека го наговорила Хари да го напушти семејството и да се пресели прво во Канада, а потоа во Калифорнија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2021 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега