Се огласи Мартин Вучиќ: Штета што немаме уште една пејачка од калибар на Тамара

Мартин Вучиќ кој уште пред Евровизија и посака многу среќа на Тамара, се голаси и по пласманот вчера.

 -Тамара Тодевска, дали си свесна каков стандард постави???Жално е што немаме барем уште една две од твој ранг(да не бидам погрешно сфатен имаме пејачки надежни,како на пример оние исто така одлични вокали кои не се гледаа а допринесона за добра боја кои допрва ќе се докажуваат) па да се надеваме дека на некој друг ќе му се посреќи ова што за малку на тебе ти избега…Направи таков резултат(по мене во догледно време недостижен) што од следната година пак ќе бидеме среќни ако влегуваме барем во финале…Б Р А В О за цел тим, сите сме Горди, пишува Мартин Вучиќ кој беше наш евровизиски претставник во 2005 година.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2019 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега