Се огласи и Рама: Многу позитивна вест од Европа на патот кон отворање на преговорите

По соопштувањето на усвоените заклучоци на министрите за надворешни работи на ЕУ за Албанија и за Северна Македонија и веста дека прашањето ќе се отвори во октомври, реагираше албанскиот премиер Еди Рама.

Тој на Твитер напиша дека тоа е една многу позитивна вест од Европа и додаде дека треба да се стави крај на „валканата офанзива“ против Албанија, алудирајќи на активностите на опозицијата.

-Многу позитивна вест од Европа на патот кон отворање на преговорите. И покрај неограничената војна на политичкиот фронт на злото, кој прави се што е можно за да ја оцрни земјата во очите на Европа, да ги блокира преговорите со закани, молотови коктели и монтирани прислушувања, Албанија опстојува. Министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург се договорија да се навратат најдоцна во октомври на отворањето преговори со Албанија и со Северна Македонија. Ајде да се спротивставиме до крај на офанзивата со кал и камења против Албанија. Сите заедно на 30-ти јуни,напиша Рама на Твитер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2019 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега