Се огласи Груби по веста дека е договорена коалиција: „ДУИ е тренспарентна партија“

Откако Коха објави дека договорена е коалицијата СДСМ, ДУИ и ДПА, премиерското место ќе се дели, Артан Груби од ДУИ на Фејсбук напиша дека ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги води со вклучување и известување на граѓаните. 

Вели дека вестите кои се појавија во медиумите не се потврдени од нивна страна, а кога ќе има нешто ќе ја известат јавноста. 

Според она што го пишува, детали не се договорени иако имало пост изборни разговори со СДСМ, како што додава за доброто на граѓаните и на државата.

 

Весникот Kоха објави дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе коалицира со ДУИ на Али Ахмети, а дел од Владата ќе биде и ДПА, на чело со Мендух Тачи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа