Се огласи германската канцеларка, откако трет пат за 10 дена неконтролирано се тресе: „Добра сум“

Германската канцеларка Меркел денес изјави дека се чувствува „многу добро“ непосредно откако е снимена како по трет пат неконтролирано се тресе за помалку од десет дена.

„Јас сум добро, нема потреба од грижа“ рекла канцеларката која за неколку дена треба да наполни 65 години.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, за време на воените почести при приемот на финскиот премиер Анти Рине, повторно не се чувствуваше добро и трепереше.

Ова е третпат како се случува истата сцена, првпат на 18 јуни за време на пречекот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа на 27 јуни додека стоеше покрај германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер при церемонијата за назначување нов министер за правда.

Германската канцеларка крајот на минатиот месец, на самитот на Г-20 во јапонскиот град Осака, рече дека се чувствува добро и дека го разбира интересот на новинарите за нејзината здравствена состојба, бидејќи за две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење.

Таа тогаш додаде дека е уверена дека таквите реакции „како што доаѓаат, така и поминуваат“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега