Се огласи Дац: Оставка од Павле Богоевки како што е редот

 Актерот Драган Спасов Дац кој периодов беше актуален откако на митинг на Стево Пендаровски кој победи на претседателските избори, му даде метла на Заев за најавената чистка, се огласи на Фејсбук и побара оставка од Павле Богоевски по објавената бомба за него.

- Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес конференција на Миле Бошњаковски! Како што е ред, нели?, напиша Дац откако се појави снимка од Павле Богоевски од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. 

  Таксистот го снимиле Богоевски додека се возел во таксито пред неколку месеци и затоа на снимката се слуша само неговиот глас. Богоевски на Фејсбук претходно напиша дека негов е гласот, но не е точно дека нарачува кокаин туку масло од канабис за негова блиска болна личност.

 

 

 

 

 

 

За потсетување, познатиот актер Драган Спасов Дац кратко време беше директор на Македонскиот народен театар, но по несреќниот настан што се случи во Кисела Вода каде со својот автомобил под дејство на алкохол удри 27-годишна девојка, си поднесе оставка. 

  

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега