Министерството за здравство го рзреши од функција директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.

Тој се огласи по објавите на социјалните мрежи.

-Изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето превземање на менаџирање на клиниката за Неврологија. Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример. Секој човек во животот се соочил со слабости, предизвици и грешки. После ова знам дека оваа грешка нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови, напиша тој.

Посочи дека се повлекува од функцијата директор на клинката, задоволен со многуте резултати кои заедно ги постигнал со неговиот тим за краток период.

-Се извинувам на сите кои ги разочарав и ќе продолжам да работам како доктор, она што највеќе го знам, сакам и живеам, да спасувам животи, помагам и работам за доброто на заедницата, напиша Кузмановски.

Exit mobile version