Се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија- Познати се првите 10 финалисти

Познати се првите 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евровизија, која се одржува во Тел Авив, Израел. Од 17 земји кои настапија синоќа, во финалето се пласираа изведувачите од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

Македонија со Тамара Тодевска ќе настапи утре во втората полуфинална вечер како претпоследна од 18 учесници. Другите претставници се од Ерменија, Ирска, Молдавија, Швајцарија, Латвија, Романија, Данска, Шведска, Австрија, Хрватска, Малта, Литванија, Русија, Албанија, Норвешка, Холандија и Азарбејџан.

Во финалето, в сабота , 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41.

Покрај пласираните од полуфиналињата, ќе пеат и претставниците на големата четворка плус земјата домаќин: Италија, Франција, Германија,  Шпанија, Англија и Изарел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега