Се одложи рочиштето за „Рекет“: Боки 13 во изолација,користел иста бања со сега починатиот кој бил позитивен на коронавирусот

Денешното рочиште за случајот „Рекет“ се одложи, пренесува „Фокус“.

Јовановски не беше спроведен до Кривичниот суд, бидејќи пред два дена зад решетки почина 47-годишен притвореник, кој беше заразен со корона вирусот. Сепак и покрај тоа, вчерашното рочиште за „Рекет“ се оддржа.

Адвокатот на Боки 13, Сашко Дукоски, во изјава за „Фокус“ реагираше дека денешното рочиште мора да се одложи, бидејќи се доведува во опасност животот на сите присутни во судницата. Тој потенцираше дека Јовановски користел иста бања со сега починатиот, и затоа е неопходно да се превземат сите мерки за заштита.

Наредното рочиште е закажено за 24 април, а судењето е пред самиот финиш.

Во истражниот затвор, пак, се земени брисеви од 30 притвореници, и се очекуваат резултатите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега