Се очекува драстична промена на времето - УХМР информира кога ќе биде најсвежо

До крајот на денов во државава времето ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа од утре попладне се очекува појава на локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Понестабилно ќе биде во вторник и во среда, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално ќе има услови за поинтензивни атмосферски процеси, застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

Температурите на воздухот ќе бидат малку под просекот, односно ќе биде посвежо од вообичаеното и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, особено во вторник и во среда кога ќе биде и најсвежо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2020 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега