„Се ни е уништено, кажете му на светот дека страдаме“- вака од воздух изгледа пустошот по бурата во Африка

Пристанишниот град Беира во Мозамбик беше тешко погоден од циклонот Идаи, а најмалку 200 лица беа повредени во оваа катастрофа.

Преживеаните не стасаа ни да ги исплачат оние кои ги загубија животите , борејќи се да го спасат она малку што им остана, мочат за храна, кров над глава и облека.

Спасувачите и понатака трагаат по исчезнатите  и заробените под урнатините.

„Немаме ништо, изгубивме се.Немаме храна, немаме ни покривачи, ни треба помош“ рекла една жителка.

Целиот град е поплавен, зградите срушени, а патиштата одсечени.Локалната црква стана привремен дом за многумина.

„Ве молам помогнете ни, кажете му на светот дека страсдаме.Не знам каде ќе спиеме“ рекол Педро, еден од жителите кои преживеале.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега