Се намалува бројот на активни случаи на коронавирус во Малешевијата

Во Пехчево регистриран уште еден оздравен пациент од КОВИД-19. Согласно новите податоци на Министерството за здравство во моментот во Малешевијата има два активни случаи, од кои еден во Берово и еден во Пехчево.

Како што информираа надлежните, оздравениот пациент е еден од двајцата пациенти, кои пред еден месец се заразија од лице кое престојувало во Пехчево.

-Се очекува оздравување и на второто лице кое истовремено се зарази од коронавирус пред две недели, но за среќа добро го поднесе вирусот. Очекуваме после овие случаи да се стабилизира состојбата во Пехчево, каде од почетокот на пандемијата имаше вкупно 7 случаи на позитивни на КОВИД-19, истакнаа надлежните.

Пред два дена во Берово е регистриран и вкупно 4-от случај од почетокот на пандемијата.

-Во нашата општина досега имаме еден смртен случај и тројца оздравени. Пациентот кој пред два дена беше позитивен на Ковид-19 засега е во добра состојба, информираа од Здравствен дом Берово. Во останатите општини од Пијанечко-малешевскиот регион нема нови случаи на заразени од Ковид-19. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа