Се најавува силно невреме, попладне сите дома - Ова е моменталната состојба

Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат во јужните и источните делови од земјава, каде ќе има  пообилен дожд.

Локално се очекува да наврнат до 20 литри на метар квадратен.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, умерено облачно со услови за повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

УХМР информира дека од Албанија кон нашата земја навлегува поголема нестабилна воздушна маса од која има појава на пороен дожд и грмежи  во подрачјето од Шар Планина, Маврово, преку Полог, па се до Скопската котлина. Нестабилност има и во Мариовско, потоа во околината на Радовиш и на Струмица Процесите се преместуваат од запад кон исток.

Ова е моменталната состојба пред најавеното невреме:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2019 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега