Се најавува невреме во Македонија - Внимавајте за ова ќе платите голема казна

Викендов многу сонце и температури до 22 степени, а веќе од вторник големо заладување и дожд се најавуваат од УХМР во Македонија.

Додека врне внимавајте да не испрскате пешак со возилото бидејќи ќе платите голема казна.

За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото, или пак казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или, пак, полицаец да биде сведок на настанот.

Сообраќајниот полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, а доколку нема полицаец во близина, следна опција е да се јавите на 192, но да го задржите возачот и тој да признае што направил.

Казната е 35 евра во денарска противвредност, како и 15 негативни поени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега