„Се надеваме дека носиш долна облека, ова е чудно“ - Роналдо во када со децата, веднаш го нападнаа

Фудбалерот Кристијано Роналдо објавил на Инстаграм фотографија со своите деца и напишал: „Забавни моменти со моите бебиња“. На некои тоа баш им пречело.

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо покажал како се капе со своите деца – Алана Мартина (2) која ја доби со свршеницата Георгина Родригез, близнаците Ева Марија и Матео Роналдо (2) и со најстариот син Кристијано Јуниор (9), кои ги роди сурогат-мајка.

„Ова е прекрасно“, „Семејството секогаш пред сè“, „Супертатко“, „Оооо, преслатки моменти“, имало многу коментари на Инстаграм-профилот на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо кого на Инстаграм го следат 205 милиони луѓе.

 

Но, ги имало и оние кои коментирале вака: „Ова е чудно“, „Се надевам дека носиш долна облека, инаку ова е многу чудно, господине Роналдо“…

На фотографијата не се гледа дали Роналдо носи долна облека или не, и таа дилема, како што велат некои, е загрижувачка па негативните коментари покренале дебата.

„Можеби станува збор за култура? Првата помисла ми беше дека ова е чудно. Имам четиригодишна ќерка која нема поим дека јас на кој било начин сум поразлична од неа и не правам чудни работи, но можеби ова таму е културно прифатливо.“

Потоа се огласил и еден Португалец: „Сметам дека фотографија е малку чудна. Познавам луѓе кои се капале со татковците, но не се фотографирале и ова мене ми е чудно.“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега