Се лекувала 10 дена - од Ковид 19 почина жена во Велес

Во Велешката болница почина жена на 84-годишна возраст од Велес, позитивна на Ковид-19 која била лекувана десет дена во Модуларната болница. Таа е 150 жртва од Велес и Велешко што почина како последица на Ковид-19.

-И  вчера  во Велешката  болницата исто така  почина жена,  на 81-годишна возраст од Велес, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.

Во Велешката болница вкупно се хоспитализирани 97 лица, од кои 85 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и осум пациенти со негативен брис, но се задржани на болничко лекување. Споредено со вчера има пет пациенти помалку кога беа хоспитализирани 102 пациенти од кои 95 потврдени на Ковид-19.

Јованова информира дека на кислородна поддршка се 45 пациенти. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега