Поради излевање на реката Вардар, од синоќа во 22:45 часот воведен е посебен режим на сообраќај на регионалниот пат Гостивар – с. Чегране. Патниот правец е затворен за сообраќај на критичните точки, а возачите се насочуваат кон алтернативни правци.
Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат за моменталната состојба на терен:
„На 15.02 од 22:45 ч., поради излевање на река Вардар, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – с. Чегране е пренасочен од с. Чајле кон с. Старо Чајле према с. Форино.“
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а екипите на терен ја следат состојбата со нивото на реката.


