Поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките.

Во Битола е регистриран одрон на магистралниот пат Е-65 и излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја.

На подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање.

Во Општина Кратово поради повремени врнежи од дожд е зголемено нивото на Кратовска и Крива Река, без излевање.

Во Општина Новаци нивото на Црна Река изнесува околу 280 сантиметри, а во Општина Демир Хисар водостојот на реката Црна е зголемен, без значителни излевања.

Во Кичево се евидентирани 250 евакуирани лица или 63 семејства на кои им се обезбедува храна, вода и неопходна поддршка, а екипи на комуналните служби работат на расчистување и продлабочување на речното корито на Зајашка Река, како и на чистење на канализационата мрежа, додека ТППЕ врши испумпување на вода од подруми по пријави од жители.

Exit mobile version