Од рано утринава воведен е прекин на сообраќајот на патниот правец Удово – Валандово. Како што информираат надлежните служби, причина за забраната која стапи на сила во 05:25 часот е излевање на Калковска Река. Додека трае прекинот, сообраќајот се пренасочува преку селото Марвинци кон Валандово.

Дополнителни проблеми за возачите претставува и појавата на магла. „Магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека поради што видливоста е намалена до 100 метри“, соопштија од АМСМ.

На останатите патни правци низ државата се вози во зимски услови. На одредени повисоки места има остатоци од кашест снег, па се препорачува зголемена внимателност. На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.

Exit mobile version