Од Јавното обвинителство се огласија за трагедијата во тетовско каде полиција пронашла безживотно тело на 42-годишен жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга. 

– Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази, известија од ЈО. 

По наредбите се постапува, додаваат оттаму. 

Exit mobile version