Се искршија возила во Скопје - Три лица со тешки повреди

Во 11.40 часот, на крстосницата од улицата „Јадранска магистрала“ и локален пат за селото Никиштани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(21) од Скопје и патничко возило „шевролет лачети“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.О.(20) од селото Никиштани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 20-годишната А.Х. сопатничка од возилото „голф“ и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле А.О. и сопатничка од истото возило О.Х.(45) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега