Се искршија две возила - Шест лица повредени во сообраќајка во Македонија

Во 04,40 часот било пријавено дека во Виница на улицата „Браќа Миладинови“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот С.И. од Штип, и патничко моторно возило “поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот В.С. од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.С. и сопатничка од возилото “алфа ромео“ Е.И.(23) од Штип, по што биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Со повреди се здобиле С.И. и останатите сопатници од истото возило А.С.(19), Д.М.(27) и 17 годишно лице сите од Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2020 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега