Вчера во 16:20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Џ.Д.(29) од Радовиш.
Претходно, на социјална мрежа бил објавен видео запис во кој се гледа како машко лице пука со пиштол и по преземани мерки било констатирано дека на видеото е С.А.(32) од Радовиш. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на С.А., при што во соба на неговиот брат Џ.Д. се пронајдени и одземени пушка, гасен пиштол, куршуми за гасен пиштол, куршуми со калибар 7.65 мм и меч со футрола.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Ѓорѓиевски со честитка за Денот на Власите: Најави изградба на Влашка куќа во Скопје
- (ВИДЕО) Сообраќајна несреќа кај „Мавровка“: Автомобил удрил во велосипедист
- Филипче: Граѓаните ќе платат дополнителни 20 милиони евра за камати од скапите задолжувања
- Невреме со грмежи го зафати Скопје, Валандово, Пробиштип и Свети Николе
- Инцидент во Илинден: Татко физички нападнал малолетник во училишен двор по детска расправија
- Скандал во Скопје: 15-годишен штитеник се обидел да обљуби друго дете во дом за згрижување, па побегнал
- Голема акција на МВР: Приведени 18 возачи ширум Македонија, меѓу нив и малолетници зад волан
- Филипче: По речиси две години власт на Мицкоски, граѓаните живеат со празни џебови


