Се договориле да му изработи кујна, му земал 19.000 денари и исчезнал

Во Полициската станица во Кавадарци била пријавена измама за сума од 19.000 денари.

Според пријавеното лицето му се јавило и му порачало да му изработи кујна, а капар ќе му даде во текот на денот во Велес. Како што е пријавено, во меѓувреме лицето повторно му се јавило и го замолило пријавителот да однесе 19.000 денари на друго лице од Кавадарци на кое му должело пари, а дека ќе му ги врати при подигање на капарот во Велес“, информираат од МВР.

Откако ги однел парите отишол во Велес и не успеал телефонски да го добие лицето, сфатил дека е измамен.

ОВР Кавадарци презема мерки за расчистување на случајот.

27.09.2022 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега