Се чистат шахти, сливници и дел од атмосферската канализација во Скопје

 Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје од утрово повторно се на терен со цел проверка и чистење на шахтите и сливниците и дел од атмосферската канализација, како резултат од невремето што го зафати скопскиот регион.

– Во текот на вчерашниот ден, а и утрово се интервенираше на сите улици во градот и на критичните места на булевар „Гоце Делчев“ кај ТЦ Мавровка и кај МРТВ, подвозникот кај Стоковна куќа Мост, булевар „Никола Карев“, улиците „Востаничка“, „Димо Хаџи Димов“, „Павел Шатев“, „Методија Андонов Ченто“, кај подвозникот кај хотел „Александар Палас“, булевар „АСНОМ“, улиците „Ѓорче Петров“, „Народни Херои“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Екипите на ова јавно претпријатие работат и на булевар „Јане Сандански“, улиците „Финска„, улиците „Мариовска“, „14 Декември“, „Христо Татарчев“, булевар „Киро Глигоров“ кај „Бриколаж“, на улица „Павел Шатев“, булеварите „Кочо Рацин“, „Александар Македонски“, клучката кај хотел „Континентал“, булеварите „Филип Втори Македонски“ и „Осми Септември“, на улиците„Бутелска“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, булеварите „Србија“, „Трета Македонска бригада“, улицата „Јордан Мијалков“, во населбата Припор…

– Во моментов состојбата е нормализирана, но со цел превенирање на такви и слични ситуации, како и овозможување на непрекината функционалност на атмосферската канализација, екипите на претпријатието остануваат на терен на цела територија на Град Скопје, се вели во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. 

 

31.08.2022 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега