Се барал со две потерници - приведен скопјанец за издржување затворска казна од пет години

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со ЕВР Кисела вода денеска во 12:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, го привеле Д.Т.(43) од Скопје, кој се барал по две потерници.

Од МВР соопштија дека Д.Т., кој се барал за издржување на казна затвор од пет години и истрага по член 215 од Кривичниот законик на РСМ, е предаден на ПС Тетово, а потоа ќе биде спроведен до КПД Идризово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.10.2020 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега