Се бара притвор за 22-годишниот возач – судот ќе одлучува за мерката на Обвинителството

Обвинителството ќе бара притвор за 22-годишниот Ј.Ѓ. кој вчера со својот џип смртно ја прегази 24-годишната Викторија од Радови, објави „А1он“. Тој ќе биде спроведен во Кривичниот суд, пред судија на истражна постапка.

Возачот се товари за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици. Судот може да определи притвор до најмногу 30 денови, бидејќи според тежината на делото, возачот ќе се гони во редовна постапка.

Возачот сѐ уште се наоѓа во Обвинителството кадешто беше извршен распит од обвинител. 22-годишникот цела ноќ ја помина во полициска станица.

Во меѓувреме, второто повредено лице, момчето на 24-годишната Викторија е пуштен на домашно лекување.

21.01.2022 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа