СДСМ:Продолжува вистинската грижа за земјоделците, двојно зголемени субвенциите за оризопроизводителите

Новите програми за зголемена финансиска поддршка за земјоделците ја потврдуваат заложбата на Владата за развој и унапредување на земјоделството, велат од СДСМ.

Од таму посочуваат дека ќе се зголемуваат субвенциите за јаболкопроизводителите од 33.000 на 41.000 денари по хектар, а како што велат, значително поголеми субвенции ќе добијат и производителите на ориз.

„Финанската поддршка за оризопроизводителите ќе се зголеми од 12.000 на 25.000 денари по хектар со кроистен сертифициран семенски материјал, односно од 6.000 на 18.000 денари по хектар без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека со мерката „зелена нафта“ земјоделците што имаат поледелски, градинарски, овошни култури и лозови насади добиваат поддршка од 30 отсто за набавка на нафта за земјоделската механизација.

„Вкупната државна поддршка за мерката изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци“, истакнуваат од владејачката партија од каде велат дека зголемена финансиска поддршка е обезбедена и за сточарите, овоштарите и градинарите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега