СДСМ: Заради очекуваниот нов пик наесен од коронавирусот и заштита на граѓаните, избори во прв можен рок

 

Социјадемократскиот сојуз на Македонија е одговорна и државотворна партија која била и останува на страната на интересите на граѓаните и државата, велат од СДСМ.

 

-Потребни се избори во привиот можен рок, заради заштита на здравјето на граѓаните и подготовки за новиот пик од коронавирусот наесен, за побрзо опоравување и трансформирање на македонската економија и повторно ставање во функција на институциите кои се клучни за  нормално функционирање на системот. Со нов легитимитет од граѓаните, политичка Влада и Собрание. Не смееме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјата да се воведе во уставна криза. СДСМ тоа нема да го дозволи, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Според партијата, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, СДСМ нема да дозволи штета на државата и граѓаните.

 

- Договор е можен се додека трае вонредната состојба. Ако нема договор по сила на закон датумот за избори води на 21 јуни, се вели во соопштението.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега