СДСМ за враќањето на Мијалков: Државата, институциите, покажаа капацитет

Институциите на Владата во координација со правосудните органи, во изминатите 40 часа спроведоа ефикасна акција координирана лично од претседателот Зоран Заев каде се обезбеди присуство на обвинетиот Сашо Мијалков, соопштуваат од владејачката СДСМ.

-Преземајќи ги сите редовни и вонредни механизми и мерки, од страна на институциите на системот, на Мијалков не му беше дадена никаква друга можност освен да се предаде и од притвор да ја чека пресудата за процесот што се води против него. Државата, институциите покажаа капацитет и бескомпромисност во обезбедување на правда за сите, денеска се покажа дека никој не е и не смее да биде над законите. И покрај ваквиот позитивен епилог, институциите, мора што поскоро да ги истражат пропустите поради кои се случи обидот за бегство и за тоа секако да следи одговорност, се вели во соопштението.

Според СДСМ, компромиси со правдата нема да има, а како што се вели во дописот, правдата и владеењето на правото ќе ги има се повеќе.

-Христијан Мицкоски, единствениот на браникот на криминалот, сосе сите негови лаги и измислици, уште еднаш е поразен. Ред, правда и дисциплина на сите нивоа се главните приоритети од коишто Владата предводена од СДСМ продолжува да се води, се вели во соопштението.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега