СДСМ: Вратена е довербата во економијата, платите растат, а невработеноста опаѓа

Вратена е довербата во економијата, платите растат а невработеноста опаѓа, државата чекори напред и враќање назад нема, се вели во соопштението на СДСМ.

„Напредокот во евроинтеграциите и успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ ја стабилизираа економијата и ја поставија на вистинска патека. Довербата во економијата е вратена, државата се движи во добар правец. Доказ за тоа е рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 што е четири пати повеќе споредено со 2017 година“, се вели во соопштението на владејатчката партија.

Оттаму посочуваат дека за само една година стапката на невработеност е намалена за 3,6 отсто и е на историски најниско ниво.

„Континуирано растат платите, се усогласуваат пензиите, се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, кај домаќинствата. Економијата, државата чекорат напред кон раст и развој и враќање назад нема. Владата предводна од СДСМ останува посветена на економските реформи и напредокот во евроинтеграциите, процеси што обезбедуваат економски раст, повеќе инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2019 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега