СДСМ: Враќаме 50 милиони евра, обезбедивме пари за секое семејство

СДСМ денеска со соопштение до јавноста:

Со повратот на 15 отсто од ДДВ, државата за првпат враќа пари директно кај граѓаните

 Со мерката „Мој ДДВ“  за прв пат државата им враќа пари на граѓаните, односно за секој денар платен ДДВ, на крајот на годината на граѓанинот му се враќа 15 отсто директно на неговата сметка. 

На крајот од секоја година кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра.

 За само две години Владата предводена од СДСМ реализира низа мерки кои обезбедуваат повеќе пари во секое смејство. 

 Растот на минималната плата од 9.000 денари на 12.500 денари, растот на просечната плата за над 2000 денари, а пензиите над 800 денари, растот на социјалната помош за 300 отсто или од 3000 на 10.500 денари се дел од мерките кои го зголемија домашниот буџет.

 Намалувањето на драконските казни и  нотарските и извршителски трошоци, воведувањето на ефтината  тарифа и укинувањето на радиодифузната такса, влијаат директно на семејниот буџет односно повеќе пари остануваат во секое домаќинство.

 Ако досега, државата само земаше пари од граѓаните, сега за првпат државата враќа пари  директно во секое семејство. На крајот на годината секое семејство добива доход плус во семејниот буџет.

 Сите досегашни мерки вклучително и повратот на ДДВ од 15 отсто имаат една заедничка цел, подобар животен стандард, подобар живот на граѓаните, раст и развој.

 Зборот важи! СДСМ на дело ја покажува вистинската грижа за граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега