Денес повторно се потврдува она што граѓаните го чувствуваат на сопствена кожа: водата за пиење во Македонија повеќе не е безбедна, велат од СДСМ.
„Листата на градови и населени места расте секој ден.
Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово. Рич. Белотино. Башино Село. Елшани. Велестово.
Општина Ново Село: Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево, ул. Првомајска.
Општина Кичево: Селски водовод Гарани, патна чешма во Другово, јавна чешма „Бела Кула“, селски водовод Стрелци, Шутово, Премка.
Реките Лепенец и Вардар – побелени од хемикалии.
Пола Македонија останува без безбедна вода за пиење.
Во Гостивар епидемија на жолтица.
А одговорен сè уште нема. Ниту еден.
Граѓаните се трујат. Институциите молчат или доцнат со реакција.
А премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски продолжуваат со приказни, додека народот пие вода опасна по здравјето.
Ова е системски колапс.
Ова е резултат на неспособност, небрежност и целосно игнорирање на основните потреби на граѓаните од страна на тендер-патриотитe.
Додека Мицкоски отвора базени и оди на „екскурзии“, а Клековски држи прес-конференции,
илјадници луѓе се разболуваат, а цела држава се претвора во зона на ризик.
Бараме:
• Итна и целосна одговорност – политичка и кривична
• Јавно објавување на сите анализи и причини за загадувањето
• Итна интервенција и обезбедување чиста вода за сите засегнати населби
• Прекин со пропагандата и конечно ставање на здравјето на граѓаните на прво место
Македонија не смее да биде држава во која основното човеково право – чиста вода за пиење е луксуз.
Доста беше труење. Доста беше молк“, стои во соопштението од СДСМ.


