СДСМ: ВМРО си продолжува со криминал како во времето на Груевски

Портпаролот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Сиљановска. Ова денеска го велат од СДСМ.

-  Прекршен е членот 71 од Изборниот законик, кој јасно одредува дека сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на таа сметка. Сметката е затворена, а незаконскиот долг од 400.000 евра не може да се врати од друга сметка. Прашање е зошто тие фирми молчеле за овој долг и тоа е нова димензија на оваа афера. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старите криминални навики, сметки за изборни кампањи полни со долгови, исто како во времето на Груевски и дупката од 3.5 милиони евра. Најновата афера во ВМРО ДПМНЕ мора да се расчити до крај од надлежните институции, особено што е поврзан и со фирми на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО, велат тие.

Што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО ДПМНЕ?  Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО-ДПМНЕ?, прашуваат СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега