СДСМ: ВМРО ќе одговараат за криминалниот октопод раководен од Будимпешта

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за навреди и закани. Ова вечерва го велат од СДСМ.
 
- 11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што премолчуваше, туку и директно промовираше насилство кон ЛГБТ заедницата и нејзини претставници. Таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжи и во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски беше изрично и отворено против одржување на Парадата на гордоста, а уште пожестоко се спротиставуваше на носење на Законот за заштита од дискриминација со која за првпат се воведе сексуалната ориентација како основа за дискриминација. Затоа ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и немаат право да зборуваат за дискриминација, велат СДСМ.
 
Според нив, единствените кои се во паника се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на кои од ден на ден им станува се појасно дека е невозможна одбрана на криминалот на режимот.
 
- Колку и да е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна.
 Законите важат за сите подеднакво и не смеат и не препознаваат верска, национална, политичка или друга припадност.
 ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се плашат од правдата. Секој, без разлика на функцијата што ја извршува или извршувал, ќе одговара доколку се докаже дека постапувал незаконски, вклучително и за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и криминалниот октопод раководен од Будимпешта, велат од партијата.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега