СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се толку загубени што ги помешаа работите, оставка треба да побараат од Мицкоски затоа што поттикнува ширење на зараза со КОВИД 19

„ВМРО-ДПМНЕ до толку се загубени во своите деструкции што ги имаат помешно работите. Оставка треба да бараат од нивниот шеф Христијан Мицкоски кој поттикнува ширење на заразата со Ковид-19 и непочитување на мерките за заштита.

Токму Мицкоски во време на најголемата криза прв ги кршеше мерките и забраните, одеше во фитнес центри и седеше во затворени делови на ресторани кои во тој период им беше забрането да работат и при тоа агнажираше структури на Наќе Чулев да го скријат неговото неодговорно и незрело однесување“, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од почетокот на пандемијата па се до денеска, Венко Филипче се бори со вирусот, ВМРО-ДПМНЕ ја поткопува работата на здравствените институции, шират лажни вести и поттикнуваат ширење на заразата и непочитување на мерките.

ВМРО-ДПМНЕ организираат собири каде масовно се кршат мерките за носење заштитна опрема и држење дистанца. Таквите таканаречени протести кои служат само за спас на фотелјата на Мицкоски се директна закана кон јавното здравје.

Заради таквото незрело и опасно однесување на Мицкоски тој губи три пати по ред на избори и уште долго останува во опозиција. Оставката на Мицкоски е таа за која треба да зборува ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2020 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега