СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави се да го загрози членството во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ во последниот период упорно повикуваше предвремено да го ратификуваме Протоколот за НАТО затоа што наводно биле загрижени за членството во Алијансата. Но, во пракса, очигледно е дека ВМРО ДПМНЕ е против нашето зачленување во НАТО. Ова го велат денеска од СДСМ.
 
 
- Како поинаку да се толкува опструкцијата на Христијан Мицкоски кон Законот за одбрана, кога тоа законско решение е клучно при зачленувањето на државата во НАТО.Ваквата неконзистентната политика на ВМРО ДПМНЕ, едно во теорија, а друго во пракса, го покажува своето мрачно лице. Ова наликува на ситуацијата со Мицкоски кога пред македонските граѓани изјавува дека ќе го поништи Договорот од Преспа или оној со Бугарија, а пред странските политичари уверува дека ги почитува затоа што тие се гарантиори на европската иднина на државата. Само што сега на домашна сцена, истиот Мицковски е со полна уста за НАТО,  а не сака неговите пратеници да гласаат за законите кои се неопходни за членство. С о ваквото лицемерие ВМРО ДПМНЕ директно наштетува на државата и на интересите на граѓаните, а со одбивањето да го гласа Законот за одбрана го загрозува целиот евроатлански процес. Република Северна Македонија е на чекор да стане 30-та земја членка на НАТО и тоа е единствената опција да ја осигураме нашата стабилност, безбедност, економија и нашата иднина, велат тие.
 
 
Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Овој закон обезбедува воведување на НАТО стандарди во македонската армија, обезбедува колективен систем на одбрана и затоа тој е клучен за нашето зачленување во НАТО. Како одговорна партија која се грижи за иднината нема да отстапиме од носењето на овој закон кој го запечатува нашето членство во Алијансата.
 
 
- Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со политиканството и да го поддржат Законот за одбрана, кој е важен за нашето зачленување во НАТО, но е уште поважен за припадниците на наша та армија. Граѓаните на 12 април ќе гласаат за интегративни, иновативни и толерантни политики, а не за несериозните политики на ВМРО-ДПМНЕ што ја држеа земјата во криминал и корупција, додаваат СДСМ.
 
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега