СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ ја урниса економијата

 

Крвавиот четврток на 27 април организиран од ВМРО-ДПМНЕ и целиот амбиент на поделби и кофликт создаде несигурност и донесе економски крах.

Со формирањето на реформската Владата предводена од СДСМ започна процес на спроведување реформи што ја движат економијата и ги санираат штетите од расипничкото, криминално и антидржавно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Стапката на невработеност во последниот квартал од 2017 е намалена на 21,9 отсто. Во последното тромесечје од 2017 година, Бруто домашниот прозивод пораснал за 1,2 отсто, а индустриското производство во јануари 2018 е зголемено за 8.4 отсто. Владата предводена од СДСМ потпиша договори со осум странски компании, инвестиции во вредност од 73,5 милиони евра.

Потврда за исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ е фактот што во 2017 година јавниот и државниот долг забележаа пад за првпат по 2009 година, а меѓународната кредитна агенција „Фич“ го подобри кредитниот рејтинг на Македонија од негативен во позитивен.

Фактите покажуваат дека за само 9 месеци од формирањето на владата економските параметри се движат во нагорна линија што ја докажува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, се наведува во реакцијата на соопштението на ВМРО - ДПМНЕ . 

 

 

 

11.03.2018 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа